РК Бисинов е шампион во пионерска машка лига сезона 2021/22

РК Бисинов е шампион во пионерска машка лига сезона 2021/22

Во ООУ “Блаже Конески” во Велес се одигра финалниот турнир во пионерска машка лига сезона 2021/22. Екипи учесници на финалниот турнир беа РК Бисинов, РК Струга, РК Рисови и ГРК Тиквеш 2014.

Пионерскиот финален турнир започна со полуфиналниот натпреварот помеѓу РК Бисинов и ГРК Тиквеш 2014 во 10:00 часот, во кој славеа ракометарите на РК Бисинов со резултат 32:18. Вториот полуфинален натпревар беше РК Рисови против РК Струга, а победа забележаа ракометарите на РК Стуга со резултат 23:27.

Ракометарите на РК Рисови го освоиа 3-тото место на финалниот турнир совладувајќи ја екипата на ГРК Тиквеш 2014 со резултат 23:14.

Во финалето се сретнаа екипите на РК Бисинов и РК Струга. Екипата на РК Бисинов забелеѓа победа во финалниот натпревар со резултат 21:18.

Конечен пласман:
1. РК БИСИНОВ
2. РК СТРУГА
3. РК РИСОВИ
4. ГРК ТИКВЕШ 2014

По завршување на натпрварот беа доделени и индивидуалните признаниа:

МВП
Филип Мечкаровски – РК СТРУГА
Најдобар стрелец
Милан Лазов – ГРК ТИКВЕШ 2014
Најдобар голман
Јован Ѓошевски – РК БИСИНОВ

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Врска поведената постапка кон Делегатот-Контролор г-дин Марјан Начевски, по насока на Европскиот Арбитражен