РФМ ја исплати премијата од 40.000 евра на сениорската репрезентација за пласман на ЕП Хрватска 2018

РФМ ја исплати премијата од 40.000 евра на сениорската репрезентација за пласман на ЕП Хрватска 2018

По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати премијата од 40.000 евра на машката сениорска репрезентација, за пласманот на Европското Првенство во Хрватска 2018.

Македонија го освои првото место во квалификациската група за ЕП во која уште се наоѓаа и репрезентациите на Чешка, Исланд и Украина, со што се најде во вториот шешир за извлекувањето на групите за континенталниот собир.

Ова ќе биде петто учество на македонските машки сениори на Европските Првенства по настапите во Италија (1998), Србија (2012), Данска (2014) и Полска (2016) и вкупно десетто учество заедно со Светските Првенства.

На ЕП во Хрватска што ќе се игра во јануари 2018 година, Македонската машка сениорска репрезентација ќе се натпреварува во групата Ц, против Германија, Црна Гора и Словенија.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување до медиуми

Почитувани претставници на медиумите, Ракометната Федерација на Македонија Ве известува дека апликациите за акредитации за