Прв пораз на Македонија на ЕП 2018

Прв пораз на Македонија на ЕП 2018

Селекцијата на Шпанија и го нанесе првиот пораз на нашата сениорска машка репрезентација на Европското Првенство во Хрватска. Шпанците водеа во текот на целата средба и славеа триумф од 31-20 за старт на втората фаза во Вараждин.

Неколкуте грешки на почетокот на натпреварот и повредата на капитенот Кирил Лазаров, рано и донесоа високо водство на Шпанија, кое европските вице-шампиони до крајот знаеја како да го задржат и да стигнат до заслужена победа. Македонија по 10 минути од натпреварот губеше со 6-1, а разликата до крајот на првото полувреме постојано се зголемуваше за на пауза да се замине со 15-6 за Шпанија. Селекторот Раул Гонзалез шанса на паркетот им даде на сите ракометари во продолжението, чувајќи ги силите на нашата репрезентација за следните натпревари од групата против Чешка и Данска. И покрај тоа што голманите на нашата селекција беа одлични на голот, Македонија не доби можност за резултатско враќање и во мирната завршница Шпанија славеше со конечни 31-20.

Дејан Манасков и Стојанче Стоилов со по 4 погодоци го завршија мечот како најдобри стрелци во нашиот тим, Филип Талески додаде три гола, а Кузмановски, Поповски и Велковски, кој ги одигра своите први минути на ЕП, постигнаа по 2 гола. Стрелци на по еден погодок беа Прибак, Георгиевски и Кирил Лазаров. Никола Митревски оствари 14 одбрани од вкупно 30 шутеви на неговиот гол, додека Борко Ристовски во првото полувреме стигна до 7 одбрани.

И покрај поразот, Македонија ги задржува шансите за висок пласман на Европското Првенство, во очекување на последните две средби од групата против Чешка и Данска. Следува слободен ден за нашата селекција пред натпреварот со Чешка на 23 јануари.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на