Прв пораз на кадетките на 2022 IHF Women’s Youth World Championship

Прв пораз на кадетките на 2022 IHF Women’s Youth World Championship

Вечерва во СЦ „Борис Трајковски” кадетките го запишаа првиот пораз на 2022 IHF Women’s Youth World Championship од репрезентацијата на Исланд резултат 22:25, на полувреме 10:13.

Кадетките лошо го започнаа натпреварот и тргнаа со негатива од 0:2. Борјана Коцева го постигна првиот погодок за нашата селекција во третата минута од натпреварот. Ракометарките на Исланд имаа константа предност од два или три погодока, а во четиринаесетата минута го имаа и најголемото водство од четири погодоци, резултатот беше 08:04. Кадетките до крајот на полувремето успеаа да ја намалат негативата за еден погодок, на полувреме се замина со резултат 13:10.

Во второто полувреме ракометарките на Исланд со одлична игра во нападот и одбраната своето водство го зголемуваше и во 37-та минута од натпреварот имаше пет погодоци предност (16:11), потоа следеше серија од 4:0 во корист на нашата репрезентација преку Емилијана Ризоска и Теодора Дукоска. Кадетките во неколку наврати до крајот на натпреварот успеваа стигнат до два погодока негатива. Конечен резултат 22:25 за Исланд.

За кадетките следат натпреварите за пласман од 9 до 12 место на Мундијалот. За пласман од 9 до 12 место на Мудијалот ќе играат репрезентациите на Македонија, Германија, Хрватска и Норвешка.

Натпреварот Македонија – Германијаќе се одигра во недела (07.08) во 16:00 часот во СЦ „Борис Трајковски”, влез слободен.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на