Против Чешка за пласман на 2023 Men’s World Championship

Против Чешка за пласман на 2023 Men’s World Championship

Денес во Букурешт се одигра повратниот натпревар од баражот за Светско првенство 2023 помеѓу машките сениорски репрезентации на Романија и Македонија. Во овој натпревар славеше селекцијата на Романија со резултат 24:22.

Победата од два погодоци на Романија не беше доволна за пласман во следната рунда, односно бараж натпревар против Чешка за пласман на СП 2023 кое ќе се одржи во Полска и Шведска.

Селекцијата на Романија уште од самиот старт на натпреварот започна со 7 на 6 во нападот и се обидоа да креираат резултатска предност, поведоа со 1:0 а воедно и едиствено водство во првото полувреме. Брзо изедначивме, а потоа Павле Атанасијевиќ го постина својот деби погодок за сениорската репрезентација а набрзо го постигна и својот втор погодок во 10-тата минута од натпреварот за најголемо водство на Македонија Плус 3 беше нашето најголемо водство, се до 16-тата минута кога ракометарите на Романија преку Негру успеаа да го изедначат резултатот на 7:7. До крајот на полувремето уште еднаш имавме водство од +3, но не го задржавме. На полувреме се замина со 12:12.

Второто полувреме започна изедначено, двете репрезентации одиграа егал, се играше гол за гол. По петнаесет минути игра во второто полувреме ракометарите на Романија го запишаа и најголемото водство на натпреварот (19:16) со погодок постигнат од Хумет Гамиде. Ракометарите на Македонија не дозволија да расте предноста на Романија, а еден од виновниците е Мартин Томовски кој забележа неколку одбрани во овој период од натпреварот. Во последните минути од натпреварот ракометарите на Романија не успеаа да направат сериозна резултатска предност и натпреварот заврши 24:22.

За репрезентацијата на Македонија најефикасен ракометар беше Кирил Лазаров со седум постингати погодоци, Мартим Томовски натпреварот го заврши со девет одбрани. За Романија најефикасн ракометар беше Хумет Гамиде исто така со седум погодоци.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на