Прилеп подобар од Пелистер во пелагониското дерби

Прилеп подобар од Пелистер во пелагониското дерби

По изедначеното прво полувреме, прилепчани со далеку подобра игра во нападот во второто полувреме успеаја да направат недостижна предност и да слават против битолскиот ривал со 26-21.

Се играше цврсто во одбрана и со многу контакт во текот на првите 30 минути, а за тоа најдобро говори резултатот 9-9 со кој се замина на пауза. Пелистер имаше благо водство во поголемиот дел од тоа прво полувреме, најмногу со три поени разлика (6-3), но откако домаќинот до полувремето изедначи, продолжи со добрата серија и во второто полувреме кога дојде до предност од 16-13.

И покрај обидите на Пелистер резултатски да се врати во игра, добрата одбрана на прилепчани им донесе највисоки 22-17 во 50-та минута од натпреварот, кои знаеја како да ги задржат до крај и да ги претворат во триумф од 26-21.

Горан Шаренац со 7 погодоци, заедно со Менде Петкоски и Димитриј Турченко кои реализираа по 5 гола беа најефикасни кај Прилеп, додека 5 гола постигна и Петар Топиќ (три од седмерец) кој беше најпрецизен кај Пелистер.

ЗАПИСНИК ОД НАТПРЕВАРОТ

Со овој триумф, Прилеп се изедначува со Работнички на врвот на табелата, додека својата премиерна победа сезонава Пелистер ќе ја бара следното коло на домашен терен, кога ќе одбележи јубилејни 60 години постоење на клубот, на средбата против Пролет.

Првото Суперлигашко коло продолжува утре со две средби во кои се среќаваат:
18:00 ГРК Борец – Металург 2
19:00 Пролет 62 – Радовиш

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на