Ве известуваме најдоцна до 30.06.2020 год. е рокот за пријава на екипа во национален систем на натпревари за сезона 2020/2021 год.
Со пријавата за учество да се поднесе:
Супер машка лига:
-извод од централен регистер не постар од 3 (три) месеци дека екипата е акционерско друштво согласно законот за спорт и -решение за вршење дејност спорт од Агенција за млади и спорт.
Прва машка лига:
-извод од централен регистер не постар од 3 (три) месеци и
-решение за вршење дејност спорт од Агенција за млади и спорт.
Врз основа на конференција на клубови одржана 29.06.2016 година, клубовите кои се натпреваруваат во највисок степен на натпреварувања имаат задолжителна обврска да пријават покрај младински, и пионерска и / или кадетска категорија по систем на натпревари на РФМ.
Воедно Ве молиме да ни доставите секој клуб засебно кои возрасни категории се застапени во рамките на секој спортски субјект.
Горе наведените материјали да ги доставите до канцеларијата на РФМ на следните електронски адреси:
rfm.prvenstvo@macedoniahandball.com.mk
karbeska@gmail.com
metalarikm@gmail.com
nikolovslave@yahoo.com