Пријателски натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Србија

Пријателски натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Србија

Вечерва во спортскиот центар Борис Трајковски се одигра пријателски натпревар помеѓу сениорските репрезентации на Македонија и Србија. Натпреварот има исклучително пријателски карактер и е во знакот на подготовките за претстојниот Mундијал во Германија и Данска.

Првото полувреме беше во знакот на репрезентацијата на Македонија и заврши со резултат 19-13. Репрезентацијата на Македонија со истиото темпо и убедливата игра во нападот продолжи и во второто полувреме за конечни 37-31 за Македонија.

За репрезентацијата на Македонија листата на стрелци ја предводеше Дејан Манасков со 9 постигнати погодоци, потоа Филип Кузмановски со 6 постигнати погодоци, додека за репрезетацијата на Србија со 4 постигнати погодоци најуспешни беа Мијајло Марсениќ и Стефан Вујич со по 4 постигнати погодоци.

Утре репрезентацијата на Македонија ќе одигра уште еден натпревар против репрезентацијата на Србија, натпреварот ќе биде од затворен карактер.

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани спортски пријатели, Ве известуваме дека за ракометниот натпревар во рамките на ЕХФ

Информација до медиуми

Почитувани претставници на медиумите, Ракометната Федерација на Македонија Ве информира дека апликациите за акредитации