Сениорската репрезентација на Македонија одигра пријатески натпревар во СЦ Борис Трајковси против репрезентацијата на Грузија. Натпреварот заврши со победа за Македонија 25:21, на полувреме 12:12.
Грузија се покажа како тврд орев, во одредени периоди Македонија имаше водство и од пет гола разлика, но на крајот поголемото искуство и индивидуален квалитет на Македонија беше пресуден. Почетокот на натпреварот запоцна со водство на гостинската екипа, но Македонија брзо ја презема контролата, и по 7 минути игра имаше водство од 4-2, потоа профункционира одбраната на Македонија. Добрата игра во дефанзивната зона ни донесе неколку шанси за контра напад и лесен гол и пет минути подоцна Македонија водеше со 7-2. Водството до крајот од полувремето не беше задржано, репрезентацијата на Грузија успеа да се врати во натпреварот и на одмор да се замине нерешено 12:12.
Второто полувреме започна одлично за нашата репрезентација и поведовме со 15-12, но репрезентацијата на Грузија повторно го анулира нашето водство и во 41 минута изедначи на 17-17. До крајот на натпреварот репрезентацијата на Македонија успеа да го врати водство и на крај да слави победа од 25:21.
Пешевски, Велковски и Поповски постигнаа по четири погодоци за Македонија, додека за Грузија најефикасен ракометар беше Шковебадзе со девет погодоци, потоа Орјоникидзе со пет.
Денес во 16:00 часот Македонија во СЦ Борис Трајковски ќе одигра уште еден пријателски натпревар против Грузија.
Да дадеме поддршка на нашата репрезентација, влезот е слободен.
Фото: Филип Вирановски (Гол.мк)