Познати сите полуфиналисти на женскиот Куп

Познати сите полуфиналисти на женскиот Куп

Екипата на ЖРК Вардар СЦБТ е последниот полуфиналист на женскиот куп на Македонија, откако во финалниот натпревар од четврфиналната група во Скопје го победи Куманово со 44-22.

Актуелниот освојувач на ова натпреварување немаше проблеми да го декласира прволигашот иако беше без ракометарките од првата постава и со неколку девојки од младинскиот погон, вардарки уште на полувреме имаа 23-9. Ихнева предводеше со 11 гола, а Черноиваненко и Хмирово постигнаа по седум во победничката екипа.

Претходно пласманот во завршницата од Купот со лесно и убедливо го обезбедија ЖРК Металург и вториот тим на Вардар, елиминирајќи ги Овче Поле, односно Ѓорче, додека ЖРК Пелистер успеа да го мине Прилеп и да влезе во завршната четворка.

Дополнително ќе биде решено каде ќе се одигра финалниот турнир од Купот на Македонија во женска конкуренција.

Фото: www.zrkvardar.mk

 

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести