Пораз од Тунис – Македонија останува без пласман на ОИ

Пораз од Тунис – Македонија останува без пласман на ОИ

Македонската машка ракометна репрезентација на Македонија доживеа пораз од Тунис со 32-26, по кој ги загуби шансите за пласман на Олимписките игри во Рио 2016.

Рано во натпреварот во Гдањск, Тунис го превзема водството кое во 15-та минута изнесуваше 7 голови (10-3). Иако на моменти Македонија успеваше да намали, завршницата на првото полувреме повторно му припадна на Тунис и на пауза се замина со 17-10.

И покрај обидите на нашите репрезентативци во второто полувреме да фатат резултатски приклучок и во неколку наврати успеваа да намалат на 4 гола негатива, Тунис сепак не дозволи комплетен пресврт и го приведе натпреварот кон крај за конечен триумф од 32-26.

Со овој резултат, Македонија ги загуби шансите за пласман на Олимписките игри во Рио. Утрешниот натпревар против Чиле со кој ќе се стави крај на Квалификацискиот турнир, а кој е закажан од 18:00 часот, нема да има резултатско значење.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести