Пораз од Црна Гора на EHF EURO CUP

Женската сениорска репрезентација на Македонија со пораз од Црна Гора го започна настапот на EHF EURO CUP.

Вечерва во СЦ “Борис Трајковски” сениорките го одиграа првиот натпревар од EHF EURO CUP против Црна Гора и забележаа пораз со резултат 21:29.

Стартот на натпреварот започна со многу неискористени акции на двете репрезентации, а првиот погодок на натпреварот беше во 8-мата минута и го постинга Црна Гора од пенал. Потоа следеше егал натпревар и резутатот беше изедначен по одиграни 17 минути (05:05), но сепак во завршницата на првото полувреме ракометарките на Црна Гора успеаа да создадат предност и од четири погодоци и со резултат (07:11) се замина на полувреме.

Второто полувреме започна поефикасно за разлика од првото, двете репрезентации го користеа своите шанси. Ракометарките на Македонија во 36-та минута од натпреварот успеаа да го намалот водството на Црна Гора на еден погодок (14:15), па (17:18) во 41 минута. До крајот на натпреварот ракометарките на Македонија не успеаа да го превземат водството, и на крај забележаа пораз од 29:21.

За Македонија најефикасна ракометарка беше Сара Ристовска со шест погодоци и Леонида Гичевска со пет, додека за Црна Гора најефикасна беше Итана Грбич со десет погодоци.

Следен натпревар на Македонија на EHF EURO CUP е повторно против Црна Гора, натпреварот ќе се одигра во Црна Гора на 10.10.2021 (недела).

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Почитувани љубители на ракометот, Ве известуваме дека на 04.09.2024 (среда) со почеток во 19.00