Пораз од Словенија во првиот натпревар на ЕП 2022

Пораз од Словенија во првиот натпревар на ЕП 2022

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Словенија со 27:25 го стартуваше Европското првенство во Дебрецин. Момците на селекторот Кирил Лазаров одиграа фантастично борбен натпревар, но на крајот мораа да се помират со пораз од 27:25.

Нашата селекција одлично го започна натпреварот со водство од 4-1, а на одличната игра на сениорите во почетокот од натпреварот се надоврза и Мартин Томовски со неколку одлични одбрани, но потоа Словенците одговорија со серија од 0-6 и имаа водство од 4-7 во 12-тата минута од првото полувреме. Сениорите успеаа да го изедначат резултатот на 9-9, а потоа и на 10-10, но на полувремето противникот имаше 13-10.

Големата борба продолжи и во вториот дел, а Македонија постојано ја бркаше негативата на Словенија. Словенија во почетните минути од натпреварот имаа постојана предност од 3 и повеќе подоци, а во 36-тата минута имаше и најголема предност од 5 погодоци. Сениорите во одредени моменти од натпреварот успеаа резултатски да се вратат во игра 22-23, но покрај одличната игра не можевме да го изненадиме фаворитот.

За репрезентацијата на Македонија најефикасни ракометари беа Цветан Кузмановски со 8 погодоци, потоа Филип Кузмановски со 5 погодоци, а Мартин Томовски го заврши натпреварот со 14 одбрани. За селекицијата на Словенија најефикасен ракометар беше Доленец со 5 погодоци.

Следен натпревар на Македонија е против репрезентацијата на Црна Гора на 15.01 (сабота) со почеток во 18:00 часот.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести