Сениорската женска репрезентација на Македонија загуби од селекцијата на Шведска во првиот квалификациски натпревар за пласман на ЕУРО 2020 во Норвешка и Данска.
Во првиот натпревар одигран во Никопинг, Шведска сениорката репрезентација на Македонија загуби со резултат 35:26, на полувреме 20:13.
Ракометарките на Шведска уште од самиот старт на мечот наметнаа силно темпо на игра, по одиграни десет минути од натпреварот репрезентацијата на Шведска успеа да стекне 3 голови предност, а по 20 минути игра и да стигнат од максимални 5, водство кое не го испуштија до крајот од полувремето 20-13.
Во второто полувреме Шведска повторно со одлична игра во нападот и одбраната своето водство го зголемуваше и во 45 минути имаше двоцифрена предност. Конечниот резултат од натпреварот е 35:26 за Шведска.
Официјален записник од натпреварот
За нашиот национален тим најефикасна ракометарка беше Сара Ристовска со 5 постигнати погодоци, а по 4 погодоци постигнаа Симона Стојановска и Елена Ливриниќ. За репрезентацијата на Шведска најефикасна ракометарка беше Петрен Мелиса со 7 погодоци.
Следен натпревар на Македонија е во сабота против репрезентацијата на Чешка. Натпреварот почнува во 18:00 часот во СЦ “Борис Трајковски”, а влезот е слободен.