Пораз од Фарски Острови во првиот натпревар од баражот за пласман на Men’s World Championship 2025

Пораз од Фарски Острови во првиот натпревар од баражот за пласман на Men’s World Championship 2025

Машката сениорска репрезентација поразена во првиот од двата натпревари во баражот за пласман на Men’s World Championship 2025. Конечниот резултат на средбата беше 34:27 во корист на ракометарите на Фарски Острови.

Сениорите лошо го започнаа натпреварот и по шест оддиграни минути имаа негатива од четири погодоци, резултат беше 6:2. Први поведоа ракометарите на Фарски Острови преку нивниот најдобар ракометар Елиас Скипаготу и воедно и најефикасниот играч на натпреварот со десет постигнати погодици. Ракометарите на Фарски Острови имаа константа предност од три или четири погодока. Нашите ракометари на полувреме имаа негатива од четири погодоци (18:14).

Во второто полувреме ракометарите на Фарски Острови со одлична игра во нападот и одбраната своето водство го зголемуваа и во 39-та минута од натпреварот имаше осум погодоци предност (26:18), а погодокот го постигна Митун. Нашите ракометари до крајот од натпреварот успеаа да ја намалат негативата и конечениот резултат на натпреварот беше 34:27 во корист на ракометарите на Фарски Острови.

Листата на стрелци за нашата селекција ја водеше Кузмановски Филип со осум постигнати погодоци, следеа Митев Марко и Костески Никола кои постигнаа по пет погодоци, додека за противниците најефикасен ракометар беше Елиас Скипаготу со десет постигнати погодоци, а по шест погодоци постигнаа Митун и Теигум.

Реванш натпреварот ќе се оддигра во Скопје во СЦ “Борис Трајковски” на 12.05.2024 (недела) со почеток во 19:00 часот.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Почитувани љубители на ракометот, Бидете информирани дека по барање на ракометните клубови учесници