Пораз од Египет и во вториот пријателски натпревар

Пораз од Египет и во вториот пријателски натпревар

Ракометната сениорска репрезентација на Македонија е поразено од репрезентацијата на Египет и во вториот пријателски натпревар кој се одигра денес во 17:00 часот, натпреварот заврши со резултат 31:26, на полувреме 16:13 во корист за Египет.

Натпреварот го почнавме добро и храбро и ниту една од двете репрезентации не успеа резултатски да се одлепи. Почетокот на натпреварот им припадна на ракометарите на Египет кои имаа водство од 2:0 а потоа и 6:4, се до средината на првото полувреме резултатската контрола беше на страната на египетската репрезентација. Сениорите успеаа да го изедначат резутатот 6:6 а потоа и да имаат и резултатско водство од два погодоци 7:9 потоа и 11:13 во 24-тата минута од првото полувреме, но водството не успеавме да го задржиме до крајот на полувремето, односно ракометарите на Египет имаа серија од 5:0. На полувреме се замина со резултат 16:13 во корист на Египет.

Во второто полувреме ракометарите на Македонија успеаа резултатски да се вратат во натпреварот и да стигнат до минимална негатива 16:15, но не успеавме да го одржиме темпото на игра, а ракометарите на Египет со сигурна и одлична игра во нападот и со цврста одбрана успеаа да направат резултатска позитива од пет погодоци 24:19, водство кое го задржаа до крајот на натпреварот.

Најефикасен ракометар за Македонија беше Филип Талески со девет погодоци, потоа Цветан Кузмановски со седум погодоци, Мартин Велковски постигна пет погодоци.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на