Сениорската репрезентација со пораз го заврши учеството на Мундијалот во Египет, денес во Каиро сениорите се поразени од репрезентацијата на Белорусија со резултат 30:26.
Натпреварот со прв погодок го отвори селекцијата на Белорусија, поведе 1-0, за потоа како одминуваше времето од првото полувреме нашата репрезентација ја преземаше контролата врз играта и имаше водство кое не беше поголемо од два гола разлика. На крај полувремето заврши нерешено 14-14.
Во второто полувреме репрезентацијата на Белорусија ја превзема контролата на натпреварот и цврста и стабилна игра во одбраната и во нападот имаше и четири погодоци предност. Нашата репрезентација одигра борбено до крај на натпреварот но не успеаа да направат пресврт, на крај славеше Белорусија со резултат 30:26.
Најефикасните во македонската репрезентација на овој натпревар беа Кирил Лазаров со седум погодоци а по четири постигнаа Филип Кузмановски и Жарко Пешевски, додека за репрезентацијата на Белорусија најефикасен ракометар беше Кулеш со седум погодоци.