Наши пријатели

Пораз на сениорките од Црна Гора во пријателски натпревар

Сениорската женска репрезентација на Македонија загуби од селекцијата на Црна Гора во пријателски натпревар што се одигра во СС “Автокоманда„  во Скопје, во рамки на ЕХФ неделата.

Во првиот контролен натпревар сениорката репрезентација на Македонија загуби со резултат 21:22, на полувреме 13:13. Незивесноста на натпреварот траеше до самиот крај, во кој репрезентацијата на Црна Гора успеа да дојде до победата со погодок на Јелена Деспотович на 10 секунди пред крајот на натпреварот.

За репрезентацијата на Македонија најефикасна ракометарка беше Елена Ѓорѓиевска со 7 погодоци, додека за селекцијата на Црна Гора беше Јелена Деспотович со 9 погодоци.

Официјален записник од натпреварот.

Претходно во 15:00 часот се одигра и младинскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Црна Гора. Натпреварот заврши со резултат 18:25, на полувреме 08:12 во корист на Црна Гора.

Официјален записник од натпреварот.

Утре со почеток во 10:00 часот започнува вториот контролен натпревар на младинската селекција на Македонија против Црна Гора, додека во 12:00 часот сениорките го играат контролниот натпревар против Црна Гора.

Натпреварите се играат во СС “Автокоманда„, влезот во салата е слободен.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright