Јуниорската репрезентација на Македонија го забележа третиот пораз во групната фаза од Европското Првенство што се игра во Данска не успеа да се пласира меѓу најдобрите осум репрезентации во Европа. Во вторник, избраниците на Александар Јовиќ го продолжуваат натпреварувањето во борба за пласман од 9 до 16 позиција.
Слабата одбрана и големиот број примени голови пред се во првото полувреме, беа главна причина што нашите репрезентативци доживеаја пораз од Холандија со 33-30. Холанѓаните водеа во текот на целото прво полувреме, кое го завршија со водство од 17-11. Избраниците на Александар Јовиќ успеаја да корегираат некои сегменти од играта и се обидоа да се вратат во делови од второто полувреме, сепак не доволно за да дојдат до пресврт. Противникот знаеше да ја задржи предноста, нанесувајќи му го на нашиот тим третиот пораз во групната фаза.
Македонија како четврто-пласирана од групата Ц продолжува во групата И2 во која ќе разигрува за пласман од 9 до 16 позиција и во која вкрстува со трето и четврто-пласираните селекции од групата Д – Унгарија и Шведска. Следниот натпревар против Шведска го играме во вторник од 18:00 часот, додека со Унгарија се среќаваме во среда од 20:00 часот.
По завршувањето на овие две средби следува слободен ден (четврток), а во петок и сабоота ќе одиграме уште два натпревари за дефинирање на конечниот пласман на ЕП.