Победа против Чиле за крај на Мундијалот

Победа против Чиле за крај на Мундијалот

Македонија го совлада Чиле и го освои 15 место на Светското првенство во Германија и Данска. Пласман ист како и пред две години, на Светското првенство во Франција.

Како и на претходните два меча што ги имаме играно со овој противник и на оваа средба резултатот беше тесен, а победата извојувана практично во последните минути.

Македонија поведе 6-3, Чиле израмни на 6-6 и потоа се играше израмнето до крајот на средбата. Македонија го диктираше резултатот, постојано водеше но тоа водство не беше поголемо од два гола разлика. На полувреме беше 16-16.

Во второто полувреме исто така се играше израмнето, Македонија имаше повеќе од водството, но Чиле на десетина минути до крајот поведе со 26-24. Веднаш врати македонскиот тим, направија серија од 4-0, и потоа го одржа водството до крајот за конечни 32:30.

Кирил Лазаров со девет и Дејан Манасков со осум гола беа најефикасните во македонската репрезентација на овој натпревар, додека за репрезентацијата на Чиле најефикасен ракометар беше Фојшман Ервин со 9 погодоци.

Официјален записник од натпреварот

SP 2019 (rakomet) Makedonija-Chile 20.01.2019-9794 SP 2019 (rakomet) Makedonija-Chile 20.01.2019-9882 SP 2019 (rakomet) Makedonija-Chile 20.01.2019-9743

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

ИНФОРМАЦИЈА

Почитувани, Женската сениорска национална селекција , во рамки на квалификацискиот циклус Women’s EHF EURO 2024