Македонските ракометарки денеска на пријателскиот натпревар против репрезентацијата на Италија извојуваа победа од 26 – 23.
Натпреварот се одигра во салата Автокоманда во пријателска атмосфера.
Македонската репрезентација постигнаа 26 гола, најефикасна меѓу нив беше Сара Ристевска со постигнати 7 погодоци, потоа Саздовска Јована со 5 погодоци.
За репрезцијата на Италија најуспешна беше Ротондо Лаура со 5 погодоци.
Првото полувреме заврши во корист на гостите со резултат 8 – 12, во второто Македонската репрезентација беше поефикасна со постигнати 18 погодоци, за на крај резултатот е 26-23 во корист на Македонската женска репрезентација.
Официјален записник од натпреварот.
Утре со почеток во 16:00 часот се игра вториот пријателски натпревар против Италија со салата Автокоманда.