Официјално: Македонија заедно со Словенија и Црна Гора се организатори на Сениорско ЕП 2022 во женска конкуренција

Официјално: Македонија заедно со Словенија и Црна Гора се организатори на Сениорско ЕП 2022 во женска конкуренција

Утрово на ЕХФ Конгресот во Глазгов, Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, во име на трите федерерации, ја презентираше заедничката кандидатура за организација на Европското Првенство во женска конкуренција во 2022 година. Предлогот беше едногласно прифатен од делегатите по што официјално Македонија, заедно со Словенија и Црна Гора ќе бидат домаќини и организатори на големиот континенталниот собир.

glasgow1

Ракометните Федерации на трите земји ги исполнија критериумите и ги задоволија сите барања при инспекциите на ЕХФ во текот на изминатиот период, по што официјализирано е дека градовите Љубљана, Скопје, Целје и Подгорица, со своите арени „Стожице“, „Борис Трајковски“, „Златорог“ и „Морача“ ќе организираат по една од четирите групи во првата фаза од Првенството. Љубљана и Скопје ќе бидат домаќини и на по една од групите во главната фаза, додека завршницата од Првенството ќе се игра во словенечкиот главен град.
glasgow2

Покрај условите за одигрување на овие натпревари од највисоко ниво, заедно со искуството на организација на големи настани на трите федерации, како посебно добра препорака за доделување на организацијата, ЕХФ ја издвои предложената повеќегодишна кампања за реализирање на визијата и мисијата на Првенството. Кампањата, која ќе се одвива под слоганот „We Can Handball“, како главна цел го има засилувањето на брендот на женскиот ракомет во Европа и Светот, така што со подобрување на сите негови производи, тој ќе се приближи до она што глобално претставува машкиот ракомет. Предложени се низа проекти под слоганите “We Teach Handball”, “We Travel Handball”, “We Care Handball”, “We Support Handball” и “We Work Handball”, меѓу другите, чија реализација нема да биде фокусирана само во земјите на одржување на Првенството, туку низ цела Европа. Тие имаат за цел да опфатат многу широк аудиториум, да ги приближат фановите до своите идоли, а преку целата кампања за промоција на женскиот ракомет, целта е да се промовира и самиот настан.

viber image

Повеќе за деталите на кандидатурата на линкот (https://goo.gl/4Jxphb), како и на официјалната брошура (https://goo.gl/VvCMoK) и интернет-страница на Првенството (http://www.womens-ehf-euro2022.com/).

 

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести