Од петок почнува продажбата на билети за мечот Македонија – Швајцарија

Од петок почнува продажбата на билети за мечот Македонија – Швајцарија

Ракометната Федерација на Македонија ги известува сите заинтересирани дека од петок, 24 октомври 2014 ќе почне продажбата на билети за натпреварот на машката сениорска репрезентација на Македонија со Швајцарија.

Билетите ќе бидат достапни за купување во продажната мрежа на МКтикетс, и тоа почнувајќи од петок, 24 октомври со почеток во 12 часот.
Цената на влезниците се 100 и 200 денари во зависност од трибината.
Натпреварот се игра на 29 октомври во 17,45 часот во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија е дел од квалификациите за пласман на ЕП 2016 година во Полска. Покрај Македонија и Швајцарија, во истата група се уште и Франција и Чешка.

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести