Вечерва во Ескишехир, Турција машката сениорска репрезентација на Македонија го одигра вториот пријателски натпревари против репрезентацијата на Италија во рамки на ЕХФ неделата. Натпреварот заврши нерешено 26:26, полувреме 12:12.
Италија прва поведе и успеа во период од десетина минути да одржува водство од гол до два гола разлика (2-4, 4-6). Потоа следеше десетминутен период во кој се водеше голема битка за секој гол, а Македонија во 14 минута од мечот израмни (7-7), веднаш потоа и поведе. Македонската репрезентација првото водство 10-09 го имаше во 21 минута од натпреварот. До крај на полувремето се играше гол за гол и на одмор се замина со резултат 12-12.
Во второто полувреме, во воведните минути, Италија ја искористи малата хаотичност на теренот и дојде до водство со пет гола разлика (16-21, 17-22) и таа разлика ја одржуваше до 51 минута кога Македонија намали на 21-22.
Потоа следеше драматичен финиш во кој нашата репрезентација имаше 2 гола негатива на една минута до крај на натпреварот. Со погодокот од пенал на Поповски во последните секунди од натпреварот Македонија одигра нерешено против Италија 26-26.
Следениот натпревар на Македонија е на 25.10 во 20:00 часот со пренос на ТВ Телма во СЦ “Борис Трајковски” против репрезентацијата на Грузија.
Ракометната Федерација на Македонија ги поканува сите љубители на ракометот да дадат поддршка на нашата репрезентација. Влезот е слободен.