Младинската машка репрезентација на Македонија (до 20 години) победи во натпреварот за петтата позиција на шампионатот против селекцијата на Украина со 26-23.
И покрај тоа што нашите репрезентативци одиграа нерешено во меѓусебниот дуел во групната фаза во првото, на денешниот последен меч на ЕХФ Шампионатот во Варна, ракометарите на Македонија излегоа како победници и го освоија петтото место на шампионатот.
Натпреварот генерално беше изедначен, Македонија водеше во поголемиот дел од првото полувреме, а во дваететта минута во првото полувреме нашите младинци имаа највисокото водство од три погодоци. Потоа следеше серија од 5:0 за ракометарите на Украина и нивно водство од 9:11, за потоа во завршницата нашите младици со сигурна игра во одбраната и сигурен напад да дојдат повторно во водство 13:11 и со тој резултат се замина на полувреме.
Почетокот на второто полувреме беше поуспешно за Украинските ракометари кои со серија 4:0 стигаа до водство од 13:15, за потоа брзо да следи изедначување на 15:15. Ракомтарите на Македонија со поефикасна игра во последните минути од натпреварот 0стигна до триумф од 26-23.