Младинките со три порази ги завршија Квалификациите за СП

Младинките со три порази ги завршија Квалификациите за СП

Младинската женска ракометна репрезентација на Македонија (до 20 години) го заврши настапот на квалификацискиот турнир за СП 2018 со порази од Германија, Литванија и домаќинот и организатор на турнирот – Исланд.

Во текот на изминатите три дена избраничките на Јулијана Дамчевска ги одиграа трите средби, по кои завршија на последното место на табелата во квалификациската група. Нашиот состав настапи подмладен, со голем број ракометарки кои се дел и од кадетскиот тим.

Резултати:
Македонија – Исланд 20-35 (12-18) – Записник од натпреварот
Литванија – Македонија 27-26 (10-14) – Записник од натпреварот
Македонија – Германија 11-37 (5-17) – Записник од натпреварот

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести