Младинките на меѓународен турнир во Будимпешта

Младинките на меѓународен турнир во Будимпешта

Во периодот од 5 до 7 мај 2017 година, Македонската женска младинска репрезентација ќе настапи на пријателски меѓународен турнир што ќе се игра во Будимпешта, Унгарија, паралелно со Фајнл Фор турнирот од Лигата на шампионките на кој ќе настапи ЖРК Вардар.

Покрај Македонија, на турнирот ќе настапат и соодветните репрезентации Унгарија, Црна Гора и Норвешка, а ќе се игра по сличен систем како на Фајнл Фор турнирот од Лигата на шампионките.

Распоред на натпревари:
05.05.2017 (18:00) Норвешка – Црна Гора
05.05.2017 (20:00) Македонија – Унгарија
06.05.2017 (20:00) Финале
07.05.2017 (10:30) Натпревар за 3 место

Селекторот на Младинската женска репрезентација на Македонија, Борче Марковски, го соопшти списокот од 16 ракометарки што ќе патуваат за Будимпешта: Амра Иљаз, Јована Мицевска, Слободанка Кицеска, Пена Граматова, Анастасија Николовска, Марија Гајиќ, Васка Глигоријадис, Леонида Гичевска, Ива Божиновска, Марија Гугуљанова, Сара Стефановска, Ана Иванова, Мери Арсениевска, Михаела Камческа, Јована Владева, Ања Велкова.

СПИСОК НА РАКОМЕТАРКИ ЗА МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО БУДИМПЕШТА (05-07.05.2017)

Инаку, овој силен меѓународен турнир ќе претставува добра подготовка за нашите младинки пред настапот на Европското Првенство што летово ќе се игра во Словенија. Македонија на ЕП се наоѓа во група со Норвешка, Хрватска и Русија.

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани спортски пријатели, Ве известуваме дека за ракометниот натпревар во рамките на ЕХФ

Информација до медиуми

Почитувани претставници на медиумите, Ракометната Федерација на Македонија Ве информира дека апликациите за акредитации