Одигран и вториот пријателски натпревар помеѓу сениорските селекции на Македонија и Србија. И денес македонската репрезентација поуспешна од репрезентацијата на Србија, натпреварот заврши 28-27 на полувреме 16-13.
Натпреварот се одигра во спортскиот центар Борис Трајковски и беше од затворен карактер.
Најуспешен ракометар за Македонија беше Жарко Пешевски со 6 постигнати погодоци, додека за репрезентацијата на Србија најуспешни ракометари беа Вукашин Воркапич и Стефан Вујич со по 4 погодоци.
Воедно ова беше и последниот натпревар на нашите ракометари пред почеток на СП 2019 во Германија и Данска.