Македонија подобра од Црна Гора и во втората пријателска во Скопје

Македонија подобра од Црна Гора и во втората пријателска во Скопје

Македонската сениорска машка репрезентација победи и на втората пријателска против Црна Гора. На денешната средба во СРЦ „Кале“ која беше од затворен карактер, нашите ракометари водеа во текот на целата средба и заслужено славеа со 29-26.

Натпреварот во кој македонскиот селектор Ивица Обрван често ротираше со составот, имаше изедначена прва половина на првото полувреме. Нашиот состав предводен од Манасков, Прибак и Филип Лазаров, поведе со 3-1, но Црна Гора се врати и на средина од полувремето изедначи на 6-6. Сепак, следуваа три гола во низа на Македонија постигнати од Митков, Прибак и Лазаров, а во завршницата од полувремето свои минути имаше и Стојанче Стоилов, па нашиот тим замина на пауза со предност од 13-11.

Во второто полувреме, Манасков и Митков ја играа главната улога во нападот на нашиот состав, а впечатлив настап на голот имаше Никола Митрески. Македонија стигна до највисоки 4 гола разлика кои знаеше како да ги одржува до крајот на средбата. Црна Гора успеа за момент да се приближи на 23-22 на точно 10 минути до крајот од средбата, но трите гола по ред (два на Стоилов и еден на Георгиевски) повторно ја одлепија нашата репрезентација на солидна предност која подоцна значеше и победа од 29-26.

Нашата репрезентација на овој натпревар настапи без капитенот Кире Лазаров, а селекторот Обрван им даде поголема можност на неколку помлади играчи како последен последен тест пред Европското во Полска. Ова беше последна подготвителна средба за Македонија пред заминувањето за Краков кое е предвидено за среда.

Македонија – Црна Гора 29-26 (13-11)
Манасков 9, Стоилов 5, Митков 4, Ф.Лазаров 2, Прибак 2, Н.Маркоски 2, Костески 1, Миркуловски 1, Георгиевски 2, Ојлески 1

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Ракометната Федерација на Македонија по претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес (14.11.2024