Македонија дел од Европската недела на спортот

Македонија дел од Европската недела на спортот

Во 2015 година по прв пат во Република Македонија се одржа Европска недела на спортот во периодот од 5-12 септември, со цел промоција на спортот и телесните активности.

Проектот се реализира преку Министерството за образование и наука на Република Македонија и Еразмус + програма, која вклучува организација на Европска недела на спортот. Тоа е иницијатива на Европската комисија за промовирање на спортот и физичката култура низ Европа. Еразмус + е нова програма на ЕУ која има за цел да ги подобри вештините и можностите за вработување, преку едукација, обука на младите, а воедно и спортување.

Во периодот од 2014-2020 преку програмата ќе се обезбедат можности за повеќе од 4 милиони Европејци да учат, да се здобијат со работно искуство, да волонтираат во странство, но секако и во делот на развојот на европската димензија на спортот.

Отварањето на овогодишното издание на Европската недела на спортот кое ќе се одржи од 10 до 17 септември 2016 година се одвива во Кошице, Словачка, а во исто време низ цела Европа ќе се одржува ист овој настан, во кој ќе биде вклучена и нашата држава. Европската недела за спорт вклучува настани и активности во 28 земји-членки на ЕУ, но и активности во Република Македонија, Исланд, Норвешка, Лихтенштајн и Турција.

Мотото на овој настан е #BeActive#, повик за акција за движење на Европејците.

Имплементација на Европската недела на спортот што ќе се одржи од 10-17 септември 2016, Агенцијата за млади и спорт како партнер со Министерството за образование и наука на Република Македонија, во соработка со националните спортски федерации ќе одржи координативна средба, со цел усогласување на достапноста на сите човечки ресурси (спортски персонал, медицински персонал, безбедност) и материјални ресурси, а кои ќе придонесат за успешно одвивање на целата манифестација.

Подетални информации како и комплетната програма на Европската недела на спортот достапни се во секое време на следниот линк: http://ec.europa.eu/sport/week

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Ракометната Федерација на Македонија по претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес (14.11.2024