Ракометната Федерација на Македонија распишува конкурс за избор на стручни лица, тренери во ракометните паралелки на Националната Спортска Академија. Конкурсот се однесува на избор на:
– 8 Стручни лица, тренери и 2 физиотерапевти за Скопје
– 2 Стручни лица, тренери и 1 физиотерапевт за Охрид
– 2 Стручни лица, тренери и 1 физиотерапевт за Прилеп
– 2 Стручни лица, тренери и 1 физиотерапевт за Велес
КРИТЕРИУМИ ЗА ПРИЈАВА НА КОНКУРСОТ
Заинтересираните кандидати треба да ги достават документите најдоцна до 09.09.2015 (среда) во канцелариите на РФМ со назнака:
Конкурс за избор на стручни лица за НСА 2015/16
Ракометна Федерација на Македонија
Бул. Кузман Јосифовски – Питу, бр.15
1000 Скопје, Р.Македонија