Денес во СЦ „Борис Трајковски” кадетската селекција на Македонија беа поуспешни од селекцијата на Сенегал со резултат 32:13.
Уште на стартот на натпреварот ракометарките на Македонија успеаа да наметнат свој начин на игра за кој протиничките ракометарки немаа одговор. Првото посериозно водство го имавме до 6-тата минута од натпреварот преку Дукоска за водство од четири погодоци (6:2). Сениорките играа се посигурно во нападот и имаа организирана одбрана. Водството се зголелмуваше и во 23-тата минута имавме и двоцифрена предност (14:4) преку Коцева. На полувреме се замина со резултат 17:7.


Ракометарките на Македонија постојано имаа контрола врз резултатот, водството на македонскиот тим не беше загорзено до крајот на натпреварот. Конечен резултат на натпреварот 32:13.
Во нашиот тим имавме неколку ракометарки кои постигнаа по пет погодоци, Коцева Борјана, Коцева Борјана, Емилијана Ризоска и Теодора Дукоска, додека за селекцијата на Сенегал најефикасна беше Сар Еми со четири постигнати погодоци.


Утре во 20:30 часот кадетките го играат вториот натпревар на 2022 IHF Women’s Youth World Championship против селекцијата на Узбекистан.
Натпреварот ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски”, влез слободен.