Кадетките против Хрватска во последниот натпревар на Мундијалот

Кадетките против Хрватска во последниот натпревар на Мундијалот

Кадетската ракометна женска репрезентација на Македонија е поразена од репрезентацијата на Германија во првиот натпревар од разигрувањето за пласман од 9-тото до 12-тото место на Мундијалот.

Денес во СЦ “Борис Трајковски” во натпреварот кој започна во 16:00 часот, кадетките го запишаа вториот пораз во низа на Мундијалот, од селекцијата на Германија со резултат 21:34.

Ракометарките на Германија уште од самиот старт на мечот наметнаа силно темпо на игра, и во воведните минути од натпреварот ракометарките на Словенија успеаа да стекнат со два голови предност, а по единаесет минути игра и да стигнат од максимални пет погодоци, водство кое не го испуштија до крајот од полувремето 12-17.

Негативата на нашите ракометарки постојано беше голема, направиме неколку технички грешки, имавме и нереализирани шутеви, а сето тоа ракометарките на Германија го користеа и по четириесет минути игра успеаа да дојдат и до десет погодоци предност 16:26, предност која не успеавме да ја намалиме и натпреварот заврши со резултат 21:34 за германските ракометарки.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести