Кадетките подобри и од Иран за прво место во групата на 2022 IHF Women’s Youth World Championship

Кадетките подобри и од Иран за прво место во групата на 2022 IHF Women’s Youth World Championship

Трет натпревар и трета победа на кадетската селекција на Македонија во прелиминарните групи на 2022 IHF Women’s Youth World Championship.

Вечерва во СЦ „Борис Трајковски” кадетките беа поуспешни од селекцијата на Иран со резултат 31:19.

Уште од самиот почеток на натпреварот избраничките на селекторот Љубомир Савевски ги контролираа случувањата на теренот, а одличната игра во одбраната на ракометарките на Иран им дозволи само осум постигнати голови во првото полувреме.

Продолжи добрата игра на нашиот тим и во второто полувреме, кога успеавме да се одлепиме и на пет голови разлика 09:14, па 10:15 преку погодоците на Ива Младеновска и Теодора Дукоска.

Ракометарките на Македонија постојано имааа контрола врз резултатот, водството на македонскиот тим не беше загорзено до крајот на натпреварот, а резултатот на семафорот по 60 минути игра гласеше 31:19.

Најефикасна ракометарка за нашата селекција беше Теодора Дукоска со шест постигнати погодоци, која беше и МВП на натпреварот, а Емилијана Ризоска постинга пет погодоци, а по четири постигнаа Марија Јанкуловска и Ива Младеновска.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на