Кадетките одиграа нерешено против Шведска и се на чекор од пласман на 1/4 финале на Мудијалот

Кадетките одиграа нерешено против Шведска и се на чекор од пласман на 1/4 финале на Мудијалот

Кадетската женска репрезентација на Македонија одигра нерешено (20:20) против репрезентацијата на Шведска во привиот натпревар од главната фаза на 2022 IHF Women’s Youth World Championship.

Со овој нерешен резултат кадетките се чекор поблиску до 1/4 финалето на Мундијалот.

Крајно неизвесен натпревар одиграа Македонија и Шведска во СЦ „Борис Трајковски”, и двете селекции во самата завршница имаа свои шанси за триумф. Мечот почна добро за шведските ракометарки кои одржуваа предност од три до четири погодоци на почетокот на натпреварот, до крај на полувремето ракометарките на Македонија со поорганизирана игра во одбраната и со сигурните завршници во нападот преку погодоците на Коцева и Младеновска заминаа со предност 12:10.

Второ полувреме не започна како што посакуваа ракометарките на Македонија. Имавме пост од 11 минути кој беше прекинат од Дукоска. Следеше егал натпревар во кој ниедна од двете селекции немаа посериозно водство. Селекцијата на Македонија во последниот напад од натпреварот успеаа да изедначи 20:20 преку Дукоска.

За нашата селекција најефикасна беше Младеновска со пет погодоци, а по три погодоци постигнаа Дукоска и Велкова. Голманот Јовановска запиша 11 одбрани.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на