Кадетките без победа во групната фаза на WOMEN’S 17 EHF EURO 2023

Кадетките без победа во групната фаза на WOMEN’S 17 EHF EURO 2023

Кадетската женска репрезентација на Македонија во преелиминарната фаза на WOMEN’S 17 EHF EURO 2023 кое се оддржува во Црна Гора не успеа да запише победа во три оддиграни натпревари против репрезентациите на Романија, Унгарија и Франција.

Во првиот оддигран натпревар на WOMEN’S 17 EHF EURO 2023 против репрезентацијата на Романија, нашата кадетска репрезентација запиша пораз со резултат 40:27.

Во вториот натпревар на WOMEN’S 17 EHF EURO 2023 против репрезнтацијата на Унгарија, нашата кадетска репрезентација загуби со резултат 46:17.

Во последниот натпревар од преелиминарната групна фаза WOMEN’S 17 EHF EURO 2023, кадетките беа повторно совладани од репрезетнацијата на Франција со резултат 31:15.

Нашата кадетска репрезентација продолжува со настапот на WOMEN’S 17 EHF EURO 2023 за пласман од 9-то до 16-то место, а за противници ги има репрезентациите на Норвешка и Португалија кои се трето и четврто пласирани од групата Ц.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Почитувани љубители на ракометот, Бидете информирани дека по барање на ракометните клубови учесници