Кадетите со победа го завршија настапот на Carpaty Trophy во Романија

Кадетите со победа го завршија настапот на Carpaty Trophy во Романија

Кадетската машка репрезентација на Македонија денес го оддигра последниот натпревар на силниот турнир Carpaty Trophy во Романија, а за противници ги имаше репрезентациите на Египет, Романија и Црна Гора.

Конечниот биланс на нашата кадетска репрезентација е два пораза од репрезентациите на Египет и Романија и една победа против Црна Гора.

Првиот наптревар на Carpaty Trophy на Македонската кадетска селекција беше против репрезентацијата на Египет. Нашите ракометари успеваа да одржуваат резултатска неизвесност во почетните минути од натпреварот се до 15-тата минута кога ракометарите на Египет направија серија од 5:0, а резултатот на семафорот беше 9:4. До крајот на натпреварот ракометарите на Египет ја оддржуваа и зголемуваа предноста, за резултатот на крај да гласи 35:21.

Следеше натпреварот против домаќинот на турниорот а тоа е селекцијата на Романија. Избраниците на Наум Танески имаа одличен старт на натпреварот и поведоа со 2:0, за да следи издрамнување на резултатот на 3:3 по осум минути игра, а до крајот на полувремето нашите кадети имаа неколку пати водство од два погодока. Ракометарите на Македонија на полувреме заминаа со водство 13:12. Во второтот полуврмеме ракометарите на Романија успеаа да го превземат резултатското водство кое го задржаа до крајот на натпреварот. Конечниот резултат гласеше 23:28.

Македонската кадетска селекција со победа во третиот натпревар го заврши учеството на Carpaty Trophy во Романија. Нашата кадетска репрзентација уште од првата минута го превзеде водството на натпреварот кое го оддржуваше и зголемуваше до самиот крај на натпреварот. Конечниот резултат на натпреварот беше 28:20.

Учеството на турниорот е дел од подготовките за учеството на квалификациите за пласман на ЕП 2024. Противници на Македонија во квалификациите се репрезентациите на Косово , Швајцарија и Словачка.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Почитувани љубители на ракометот, Бидете информирани дека по барање на ракометните клубови учесници