Кадетите го освоија MEN’S 18 EHF CHAMPIONSHIP 2022

Кадетите го освоија MEN’S 18 EHF CHAMPIONSHIP 2022

Кадетската машка репрезентација на Македонија го освои MEN’S 18 EHF CHAMPIONSHIP 2022 LAT. Денес репрезентацијата на Македонија во финалето ја совладата репрезентацијата на Швајцарија со резултат 24:22.

Освоеното прво место на шампионатот на Македонија и донесе директен пласман на младинско ЕП 2024 и кадетско СП 2023 година.

По завршување на финалниот натпревар беше избран идеалниот тим на шампионатот, а во идеалниот тим се најдоа четири репрезентативци на Македонија.

За МВП на шампионатот беше прогласен Томислав Димковски.

Наградата за најдобро лево крило заврши кај Михаил Тотиќ, а за најдобар голман беше прогласен Давид Брестовац. За најдобро десно крило беше прогласен Александар Петковски.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на