Кадетската машка репрезентација на Македонија се пласираше на историското 9-то место на 2023 IHF Men’s Youth World Championship.
На денешниот натпревар нашата кадетска репрезентација славеше проти ракометарите од Чешка со резултат 28:22, и се пласираа на 9-тото место на Мундијалот во Хрватска.
Марио Стојановски го отвори резултатот за почетно водство, а Калајџиевски и Димевски се надоврзаа со своите погодоци и имавте 3:0 по само четири минути игра. Ракометарите на Чешка не се предадоа и по само три минути игра го изедначија резултатот на 3:3 преку Малуш. Следеа четири погоцои по ред на нашата репрезентација, а погодоците ги постугуваа нашиот најефикасен ракометар Мирче Калајџиевски и Марио Стојановски. Водството од четири погодоци кое го постигнавме во дванаесетата минута од натпреварот не го испуштивме до крајот на полувремето, а резултатот на семафорот беше 13:11.
Во второто полувреме ракометарите на Чешка во неколку наврати успеваа да се вратат и да го изедначат резултатот (14:14, 15:15 па 17:17), се до педесетата минута од натпреварот кога го вративме водството 22:18 преку Калајџиевски и Димевски. До крајот на средбата нашите ракометарите рутинскии ги оддиграа минутите и заслужено славеа победа и 9-то место на Мундијалот.
За нашата селекција најрасположен ракометар беше Калајџиевски со 12 погодоци, следеше Димевски со 8 погодоци, па Стојановски со 4 погодоци во исто толку обиди, а на голот Давид Брестовац запиша 10 инетрвенции.