Јуниорската женска репрезентација на Македонија (до 19 години) ќе игра во група со Унгарија, Фарски Острови и Молдавија на квалификацискиот турнир за пласман на Европското Првенство што наредното лето ќе се игра во Словенија.
Денеска во Виена се одржа извлекувањето за квалификациските турнири кои ќе ги дадат последните 13 учесници на континенталниот собир во оваа младинска категорија. Македонија беше извлечена од вториот шешир во Групата 1 заедно со селекциите на Унгарија, Фарски Острови и Молдавија, во ситуација каде двете најдобро-пласирани селекции обезбедуваат учество на ЕП.
Квалификацискиот турнир ќе се одржи во периодот од 17 до 19 март 2017 година, а Македонија го доби правото да биде организатор на турнирот.