Јуниорите подобри од Фарски Острови. Победа или нерешено против Црна Гора ги носи на ЕП

Јуниорите подобри од Фарски Острови. Победа или нерешено против Црна Гора ги носи на ЕП

Јуниорската репрезентација на Македонија (У20) денеска ја совлада соодветната селекција на Фарски Острови со 21-17 во Квалификациите за ЕП што се играат во Шафхаузен. Доколку не загубат против Црна Гора утре, ќе го осигураат учеството на континенталниот собир.

Избраниците на Александар Јовиќ водеа во најголемиот дел од натпреварот, па иако на полувремето Фарски Острови успеаја да изедначат (8-8), немаа сили да го одржат темпото до крај. Предводени од Крстевски и Велковски кои постигнаа по 6 гола, нашите ракометари повторно го превземаа водството во текот на второто полувреме и заслужено славеа со конечни 21-17 против изненадувањето на турнирот.

Покрај Крстевски и Велковски кои искомбинираа 12 голови, Томи Јагуриновски постигна 4 гола, Маркудов и Палевски додадоа по 2, а 1 гол за нашата репрезентација постигна Димовски.

По овој триумф, Македонија е втора во групата со бод повеќе од Црна Гора и Фарски Острови во пресрет на последното коло. Утре со почеток од 10:30 часот, нашите јуниори се среќаваат со Црна Гора, а доколку стигнат до триумф или пак одиграат нерешено и теоретски ќе обезбедат пласман на ЕП.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација Кирил Лазаров го објавува поширокиот список на ракометари за претстојните натпревари во рамки на Men’s EHF EURO 2024 Qualifiers

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација, г-дин Кирил Лазаров го објавува поширокиот список

Информација

Почитувани спортски пријатели, Ве информираме дека г-дин Славе Николов поради зголемен ангажман како