Јуниорите ќе играат пријателски натпревари против Бугарија во Скопје

Јуниорите ќе играат пријателски натпревари против Бугарија во Скопје

Машката јуниорска репрезентација на Македонија (У20), во рамки на подготовките за Квалификациите за ЕП 2016, ќе одигра пријателски натпревари против соодветната селекција на Бугарија.

Првиот натпревар ќе се игра утре (вторник) со почеток од 19:30 часот во салата Автокоманда во Скопје, додека втората меѓусебна средба, Македонија и Бугарија ќе ја одиграат во среда на истата локација со почеток од 12:00 часот. Од првиот натпревар (вторник, 19:30) ќе може да се проследи пренос во живо (live stream) на овој линк.

Избраниците на селекторот Александар Јовиќ периодов активно се подготвуваат за настап на Квалификациите за ЕП Данска 2016. Квалификацискиот турнир ќе се игра во Шафхаузен, Швајцарија, во периодот од 8 до 10 април, а нашата репрезентација се наоѓа во група со домаќинот, Фарски Острови и Црна Гора.

Натпреварите против Бугарија, Јовиќ ќе ги искористи да ги тестира и воигра ракометарите, пред последната фаза од подготовките и заминувањето за Шафхаузен.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Врска поведената постапка кон Делегатот-Контролор г-дин Марјан Начевски, по насока на Европскиот Арбитражен