Европските женски сениорски национални тимови оваа недела ќе ги дознаат своите противници во рамки на квалификациите за Women’s EHF EURO 2022.
Бранителот на титулата, Норвешка како и ко-организаторите на претстојното Европско Првенство 2022 Словенија, Македонија и Црна Гора имаат обезбедено место на завршниот турнир во ноември 2022 година, останатите 12 места ќе бидат распределени преку EHF EURO 2022 Qualifiers квалификациите кои започнуваат во октомври 2021 година.
12 места на завршниот турнир ќе обезбедат националните тимови односно победниците и второпласираните репрезентации поделени во шест квалификациски групи составени од четири екипи во квалификацискиот циклус.
Извлекувањето ќе се одржи во канцеларијата на ЕХФ во Виена во четврток на 25 март 2021 година со почеток во 11:00 часот, и ќе биде пренесувана во живо на YouTube каналот
21 репрезентација, согласно ранкингот на ЕХФ директно се квалификувани во EHF EURO 2022 Qualifiers, истите се поделени во четири шешири:
Шешир 1: NED, RUS, FRA, DEN, ESP, SWE
Шешир 2: GER, ROU, SRB, HUN, CRO, POL
Шешир 3: CZE, AUT, BLR, SUI, SVK, ISL
Шешир 4: TUR, LTU, UKR, 3–те првопласирани репрезентации од групите во квалификациската фаза 1
Согласно распоредот и процедурата за спроведување на извлекувањето, репрезентациите ќе бидат поделени во шест квалификациски групи. Секоја од шесте квалификациски групи ќе биде составена од по една репрезентација од сите четири шешири.
Женските сениорски EHF EURO 2022 Qualifiers натпревари ќе бидат одиграни во месец октомври, односно во период од 06/07 и 09/10 октомври 2021 година а останатите натпревари се закажани за месеците март и април 2022 година.
Во првата фаза на квалификациите, 11те национални репрезентации на извлекувањето кое беше одржано на 17 март 2021 во Виена ги дознаа своите противници поделени во 3 групи.
Група 1: POR, KOS, LUX, CYP
Група 2: GRE, ITA, BIH,LAT
Група 3: FAR, ISR, FIN
Првата фаза од квалификациите ќе се одржи во период од 31 мај до 06 јуни 2021 година.
Првопласираната екипа од секоја група во првата фаза од квалификациите, обезбедува учество во EHF EURO 2022 Qualifiers квалификацискиот циклус кој започнува во октомври 2021 година.