Извлечени противниците на Македонија во Квалификациите за Младинското машко ЕП и Јуниорското женско СП 2016

Извлечени противниците на Македонија во Квалификациите за Младинското машко ЕП и Јуниорското женско СП 2016

Машката младинска репрезентација во Квалификациите за ЕП 2016 ќе игра во група со Швајцарија, Црна Гора и Фарски Острови, на турнир што ќе се одржи во Швајцарија. Женската младинска репрезентација, во квалификациите за СП 2016, ќе ги одмери силите со Франција, Словенија и Израел, на турнир во Израел.

Машката младинска репрезентација на Македонија (до 20 години) во периодот од 8 до 10 април ќе настапи на Квалификацискиот турнир што ќе се одржи во Швајцарија, а противници на нашата репрезентација во борбата за место на ЕП ќе бидат домаќинот Швајцарија, Црна Гора и Фарски Острови.

Според системот на квалификации, од овој турнир на ЕП ќе патуваат најдобропласираните две репрезентации од групата. Европското Првенство за младинци ќе се одржи во Данска од 28 јули од 7 август 2016 година.

CTwsgxVWIAADnLx

Женската јуниорска репрезентација на Македонија (до 20 години), беше извлечена во силна група со Франција, Словенија и Израел, а Квалификацискиот турнир за пласман на СП ќе се одигра во Израел. Само најдобропласираната репрезентација од оваа група ќе се пласира на Светското Првенство што наредното лето ќе се одигра во Русија.

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани спортски пријатели, Ве известуваме дека за ракометниот натпревар во рамките на ЕХФ

Информација до медиуми

Почитувани претставници на медиумите, Ракометната Федерација на Македонија Ве информира дека апликациите за акредитации