Известување за пријава на екипи за учество во натпреварувачка сезона 2024/25

Известување за пријава на екипи за учество во натпреварувачка сезона 2024/25

Ве информираме дека согласно Член 5 од Правилникот за издавање на дозвола за учество во натпреварувачка сезона во систем на натпревари при Ракометна Федерација на Македонија, крајниот рок за пријавување на екипите за учество во систем на натпреварување за сезона 2024/2025 е до 01.07.2024 година.

потребно е да се достават следните документи:

  • Пријава (образец) за учество во лига со потпис и печат од овластено лице
  • Решение за вршење дејност спорт издадено од Aгенција за млади и спорт
  • Тековна состојба од централен регистар, не постар од 3 месеци
  • Поднесена завршна сметка за фискална 2023 година (согласно член 9-б од закон
    за Спорт).

Пријавата за учество во натпреварувачка сезона, клубот ја поднесува до Комисија
за лиценцирање, Натпреварувачка комисија и до Координаторот на лигата.

Координатори на лиги:

  • Супер Лига Мажи (Карбеска Силвана – karbeska@gmail.com)
  • Женска Супер Лига (Карбеска Силвана – karbeska@gmail.com)
  • Прва Машка Лига (Металари Камер – metalarikm@gmail.com)
  • Младинска Машка и Женска Лига (Јовчева Марија – marija.rfm@gmail.com)
  • Кадетска Машка Лига (Јовчева Марија – marija.rfm@gmail.com)
  • Кадетска Женска Лига (Јосифовски Иван – ivan_josifovski@hotmail.com)
  • Пионерска Машка и Женска Лига (Јосифовски Иван – ivan_josifovski@hotmail.com)

Прaво на учество имаат:

  • Младинска машка / женска имаат родени 2006 и помлади
  • Кадетска машка / женска имаат родени 2008 и помлади
  • Пионерска машка / женска имаат родени 2010 и помлади

Напомена:
Да се користат формуларите кои се поставени на сајтот на РФМ.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување до медиуми

Почитувани претставници на медиумите, Ракометната Федерација на Македонија Ве известува дека апликациите за акредитации за