Почитувани претставници на медиумите,
Ракометната Федерација на Македонија ве информира дека апликациите за акредитации за претстојниот квалификациски натпревар за СП 2017 што ќе се одигра на ден 15.06.2016 од 20:00 часот во ВИП Арена „Борис Трајковски“ помеѓу националните селекции на Македонија и Чешка, можете да ги испраќате на следнава e-mail адреса:
vmilanovska@concept.com.mk
Рокот за аплицирање е 14.06.2016 (вторник) заклучно со 16:00 часот, а подигнувањето на акредитациите е на ден 15.06.2016 (среда) од 10:00 до 12:00 часот во Канцеларијата на РФМ.
Напомена: Апликациите за акредитирање испратени по наведениот рок, нема да бидат земени предвид.