На одржаната конференција за клубовите во елитните сениорски натпреварувања во машка и женска конкуренција, одредени беа календарите за натпреварите од пролетниот дел на сезоната, а извлечени беа и двојките за женскиот Куп на Македонија 2016.
ВИП Суперлигата во машка конкуренција, ќе продолжи со свое 15 коло на 12/13 март 2016 година. Според календарот, последните четири кола ќе се комплетираат до 3 април, а потоа плејофот ќе почне на 20/21 април, додека почетокот на плејаут лигата е предвиден за 09/10 април.
Распоред на натпревари, ВИП Суперлига Мажи (пролетен дел):
15.коло (12/13.03.2016) 16.коло (19/20.03.2016)
Радовиш – Металург 2 Металург 2 – Вардар Јуниор
Металург – Пелистер Пролет 62 – Работнички
Охрид 2013 – ГРК Борец Прилеп 2010 – Охрид 2013
Работнички – Прилеп 2010 ГРК Борец – Металург
Вардар Јуниор – Пролет 62 Пелистер – Радовиш
17.коло (26/27.03.2016) 18.коло (02/03.04.2016)
Пелистер – Металург 2 Металург 2 – Работнички
Радовиш – ГРК Борец Вардар Јуниор – Охрид 2013
Металург – Прилеп 2010 Пролет 62 – Металург
Охрид 2013 – Пролет 62 Прилеп 2010 – Радовиш
Работнички – Вардар Јуниор ГРК Борец – Пелистер
Што се однесува до Купот во машка конкуренција, групната фаза ќе се одигра на 16 и 17 април 2016 година, додека полуфиналните натпревари и финалето се закажани за 14 и 15 мај.
Почетокот на пролетниот дел од сезоната во Женската лига е закажан за 26/27 март 2016 година. Ќе се одиграат преостанатите три кола, а по нивното завршување, плејофот и плејаутот ќе почнат на 16/17 април 2016 година.
На состанокот извлечени беа и двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција. Натпреварите од оваа фаза ќе се играат на 05/06 март 2016 година:
Овче Поле – Вардар
Вардар Јуниор – Пелистер 2012
Металург – Прилеп
Куманово – Ѓорче
Полуфиналните натпревари и финалето во Купот во женска конкуренција ќе се одиграат на 7 и 8 мај 2016 година.