Почитувани љубители на ракометот,
Ве информираме дека за бараж-натпреварот во среда (15 јуни) за пласман на СП 2017 помеѓу Македонија и Чешка што ќе се одигра во ВИП Арена „Борис Трајковски“ од 20:00 часот, преостанат е уште мал број на непродадени влезници.
Поради големиот интерес, ги повикуваме сите поддржувачи на нашата репрезентација кои ќе сакаат да го проследат натпреварот од трибините, со време да обезбедат влезници.
Влезниците се во продажба online и во продажната мрежа на www.karti.com.mk и www.mktickets.mk, како и на билетарницата на ВИП Арена „Борис Трајковски“.
Продажни места на МК Тикетс:
– Југотон ГТЦ 1 кат
– Универзална Сала – Скопје
– Тобако – МПМ Прес
– Тобако Гоги – Драчево
– Тобако Дрводекор
– Тобако 2 – Скопјанка
– Њу Тобако – Охрид