Информација за пријава за учество во кадетска машка и младинска женска и машка лига за натпреварувачка сезона 2020/21

Информација за пријава за учество во кадетска машка и младинска женска и машка лига за натпреварувачка сезона 2020/21

Ве известуваме најдоцна до 30 Јуни 2020 год. да го пријавите Вашето учество во кадетска женска и пионерска женска и машка лига, во системот на натпреварување во организација на РФМ за натпреварувачка сезона 2020/2021 год.

Прaво на учество имаат:

Кадети родени 2002 год. и помлади

Младинки родени 2002 год. и помлади и

Младици родени 2000 год. и помлади

Образложение: Во предмет известување информација за пријава во национален систем на натпревари, воедно Ве молиме да ни доставите секој клуб засебно, кои возрасни категории се застапени во рамките на секој спортски субјект.

Поради зголемениот интерес на клубовите, тренерската организација и зголемен број на млади ракометари/ки кои не се во систем на кадетски и пионерски лиги, би сакале да не информирате (најдоцна до 30 Јуни 2020) дали Вашите клубови имаат селектирано екипи кои се помлади од предвидените генерации со пријави во женска и машка конкуренција.

По добивање на Вашите податоци зависно од бројот на пријавите, ќе бидете информирани .дали ќе биде и на кој начин организирано натпреварување во тие категории.

Пријавата да биде во писмена форма, може да биде испратена и по електронска пошта: marija.rfm@gmail.com

Напомена: Заедно со пријавата за учество потребно е да се достави извод и тековна состојба од Централен регистар на Р. Македонија, не постар од 3 (три месеци), како и решение за вршење дејност спорт издадено од Агенција за млади и спорт.

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани спортски пријатели, Ве известуваме дека за ракометниот натпревар во рамките на ЕХФ

Информација до медиуми

Почитувани претставници на медиумите, Ракометната Федерација на Македонија Ве информира дека апликациите за акредитации

Информација

По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја