Информација за извлекување за Куп на Македонија 2023

Информација за извлекување за Куп на Македонија 2023

На ден 22 ноември 2022 година (вторник), со почеток од 12:00 часот во просториите на РФМ, ќе се одржи извлекувањето на паровите од елиминационата фаза од Куп на Македонија 2023 во машка конкуренција.

Екипите кои учествуваат во КУП за сезона 2022/2023 се рангирани според пласманот од 2021/2022 и се преставени на следнава листа:

  1. РК ВАРДАР 1961
  2. РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
  3. РК БУТЕЛ СКОПЈЕ
  4. РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
  5. ГРК ТИКВЕШ 2014
  6. ГРК ОХРИД
  7. РК ПРОЛЕТ 62
  8. РК ПРИЛЕП
  9. РК СТРУГА
  10. РК РАДОВИШ
  11. РК АЛКАЛОИД
  12. РК ГОЛДЕН АРТ КЛ7
  13. РК ЈУНИОР К.В
  14. РК ВАРДАР НЕГОТИНО
  15. РК СКОПЈЕ 2020
  16. МРК КУМАНОВО
  17. РК АЕРОДРОМ
  18. РК МЛАДОСТ 1977
  19. РК ДРАЧЕВО
  20. РК ЈЕХОНА
  21. РК МЕТАЛУРГ-РА
  22. РК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
  23. РК АСТРАИОН ХЕНДБОЛ
  24. РК ТЕКСТИЛЕЦ
  25. РК КИЧЕВО 2020
  26. РК ПРЕСПА 2015
  27. РК ШАМПИОН
  28. РК ПАРТИЗАН 2016 СПОРТ
  29. РК БИСИНОВ ФРУИТ ЛЕНД
  30. РК ГОЛДЕН АРТ КЛ7 2
  31. РК МУЛТИ ЕСЕНС
  32. РК ОВЧЕ ПОЛЕ 1958

Во елиминационото коло екипите (16) од Супер машка лига ќе бидат сместени во сад 1, а екипите (16) од Прва машка лига во сад 2.

Ќе се игра еден елиминационен натпревар помеѓу екипите од Супер лига и екипите од Прва лига кој ќе се одреди со жреб, а домаќин на тој натпревар ќе биде екипата кој ќе го добие бројот 1 во парот при жребање.

Победниците од овие елиминациони натпревари (16 екипи) ќе се натпреваруваат во 1/4 групи и ќе бидат поделени во 4 групи по 4 екипи.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Почитувани медиуми

Македонската репрезентација ќе има media call во вторник, 08.11.2022 во хотелот Александар Палас